РКЕ денеска ќе одлучува за цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, за два денари се намали цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,660 ден/кг и сега ќе изнесува 45,962 ден/кг.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останаа исти.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,962 (денари/килограм).