- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Рокот истекува, преговорите помеѓу Владата и банките продолжуваат за исплатата на државната помош

Младински додаток - Работник
400views

Ќе извисат ли дел од граѓаните на кои им следува државната помош од 6.000 денари.  Крајниот рок за префрлање на средствата е денеска, а Владата и банките сеуште преговараат за  негово пролонгирање. Не се знае ниту дали продолжувањето  на рокот ќе се базира само на преговори  или пак ќе мора да се менува законот кои потоа ќе треба  да ги помине собраниските филтри. Во меѓувреме граѓаните со блокирани и оние кои воопшто немаат сметки , чекаат пред банките за да ги ажурираат податоците и да отворат нови сметки за да ги добијат средствата.

И од  здружението на граѓани Ануитет велат дека Владата и банките не требале да чекаат последен ден за да преговараат за продолжување на рокот. Велат дека овие пари им се важни на гаѓаните и апелираат до банкарите да најдат начин да стигнат до сите граѓани, без притоа да им бидат повлечени за покривање на други трошоци.

Вчера на купувам домашно беше објавена и листата на самохраните родители на кои треба да им се исплати  помошта. Иако времето е кратко, министерката Шахпаска уверува дека сите ќе ги добијат парите.

Во меѓувреме се разгледуваат и приговорите од 70 илјади граѓани кои се пожалиле дека им следи помошта, но ги нема на списоците.

Извор: Сител