Р.С Европа: Што ли сега ќе ги задржи работниците во земјава?
Германија ги олеснува процедурите за добивање работа за жители од земји кои не се членки на ЕУ. Најмногу се бараат дефицитарни занимања како лекари и информатичари, но тоа ќе значи нови загуби на работна сила за земјите од Западен Балкан, но и удар за нивните економии, оценуваат безнисмени во земјава посочувајќи дека македоснките власти треба да разговараат за сериозни мерки.
Германија денесе закон со кој ја олеснува миграцијата од таканаречени трети земји, односно земји надвор од Европската унија. Законот стапи на сила на 1 март и тој предвидува забрзано признавање дипломи, како и забрзани процедури во процесот на издавање на работни дозволи и дозволи за престој.
Дојче веле објави дека Законот сега подразбира дека како стручњаци веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица со стручно образование од најмалку две години, но дипломите мора да бидат признаени во Германија. Процесот за издавање на визи за стручњаци се предвидува да трае од 4 до 6 недели, пишува Радио Слободна Европа.