- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

СДСМ: Од утре исплата на помошта од 1,9 милијарди денари

СДСМ - Работник
537views
Веднаш по носењето на петтиот пакет мерки во Собранието, преку фејсбук статус се огласија од СДСМ.
 
„Една милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните!
Усвоен е Петтиот пакет економски мерки, кој е наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството.
Граѓаните, компаниите, ниту час повеќе не смеат да останат без помошта што им следува.
Доста беа уцени, блокади и лаги од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.
СДСМ и коалицијата направија СЀ граѓаните да ја добијат помошта која им следува.
ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата направија СЀ да ја блокираат помошта за народот.
Епилогот е јасен – Граѓаните победија, опозицијата повторно изгуби!“, стои во фејсбук статусот на СДСМ.
 

Advertisement

Advertisement