Светот на работникот

Секој втор вработен има проблем со менталното здравје

Колку повеќе бенефити им обезбеди компанијата на вработените, толку повеќе се зголемува нивото на задоволство, се зголемува ефикасноста и продуктивноста на работниците. Во Србија 53 % од имаат одредени wllbeing програми, покажале податоците од истражувањето на компанијата Марш, еден од најголемите брокери на светот, кое е спроведено во март оваа година.

„Менталното здравје е фундаментално човеково право, а и понтаму е табу тема и тоа не само во Србија. Вработените не се подготвени да споделат со своите работодавачи како се чувствуват, бидејќи постојат предрасуди“, рекла Сандра Вучаровиќ, извршна директорка на Марш Србија.

Истражувањето на компанијата MercerMarsh спроведено во Европа покажало дека еден од двајца луѓе имаат проблем со менталното здравје, а 80 % од нив никогаш не бараат помош. Основните проблеми се депресијата и анксиозноста: повеќе од 44 милиони луѓе имаат проблем со депресија, а 37 милиони имааат анксиозност.

„Вработените се најосетливи кога постои притисок на работното место и не постојат јасно деефинирани цели и не се доволно прифатени. Работата во голема мера влијае на нашето ментално здравје. Ако работиме работа која ја сметаме за добра и ние добро ќе се чувствуваме“, рекла Вучаровиќ.

Истражувањето кое го спровеле покажале и дека 61 % од генералните менаџери одговорите дека спровеле план за поддршка во делот на менталното здравје и велбингот, а 40 % од вработените препознале дека компаниите се грижат за нив.

Согорувањето на работното место станува се поизразено, велат од таму.

„Светската здравствена организација го ставила согорувањето во листата на дијагнози и се очекува тоа да го прифатат и нејзините членки. Инаку, двајца од тројца вработени почувствувале ризик од бурноут во текот на работниот век, додека еден од двајца вработени сакаат да работат во компании коишто пружаат финансиска подршка за велбинг. Охрабрувачки е тоа што 47 % од работодавачите размислуваат да воведат програми за ментално здравје, покажува истражувањето на Мерцер во Европа“, истакнала Вучаровиќ.

Фото: Shutterstock