ПравдаСветот на работникот

Сенаторите бараат од Амазон да преземе мерки за спречување на повредите при работа на вработените

   Време за читање помалку од минута

Неколку сенатори од американската Демократска партија во писмото пратено до Џеф Безос, ја предупредуваат компанијата дека мора да направи повеќе за спречување на повредите при работа.

Сенаторите Шерод Браун, Тами Болдвин и Берни Сандерс ја осудиле компанијата поради небезбедните услови за работа во нејзините магацини, барајќи „веднаш да се преземат чекори“ за вработените да не ги „ризикуваат своите здравје и безбедност при работа“.

Писмото му е испратено на Безос по извештајот во кој се наведува дека гигантот за електронска трговија има повеќе стапки на повреди при работа од целокупната магацинска индустрија.

Во извештајот се наведува дека барањата на Амазон за брзи испораки доведува до тоа работниците да се повредуваат додека се обидуваат да се прилагодат на ритамот на работа.