Се асфалтираат улиците во Чашка
Време за читање помалку од минута
„На секој поголем дожд, куќите ни се поплавени, а подрумите се полни со вода“. Жителите на населбата Чашка близу Велес се жалат дека половина населба е со кал и без асфалтирани улици. Тие велат дека на левата страна, каде што се наоѓа новиот дел од населбата, освен главната, останатите улици се земјени и најчесто калливи.
Жителите на населбата Чашка, во која живеат околу 2.000 луѓе и во која е сместена истоимената општина, утрото ги разбуди бучава од градежна механизација. Багерите почнаа да ја рамнат улицита, која при секој дожд им создаваше големи проблеми. Надлежните велат дека почнале со подготовки за асфалтирање на пет краци и изградба на атмосферска канализација.
Извор: 24 вести
Latest posts by Редакција (see all)