- Advertisement -
Занимливости

Се појави и трет мистериозен монолит

693views

Неколку дена по откривањето и брзото исчезнување на два сјајни метални монолити, се појави уште една висока структура, овој пат во Јужна Калифорнија.

Неговите рамни страни и висина изгледаат слично на оние што се наоѓаа во пустината во Американската држава Јута и во Романија. Како и за овие структури, потеклото на овој монолит е мистериозно.

Монолитот се наоѓа на врвот на планината Пејн, во областа Атаскадеро на пола пат помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес. Високата, сребрена конструкција ги привлече планинарите во областа, па фотографиите беа објавени и на социјалните мрежи. Сличен монолит за прв пат беше забележан пред околу две недели меѓу црвената карпа во Јута и го привлече светското внимание затоа што наликува на филмот 2001: Вселенска одисеја, па стотици луѓе дојдоа на тоа место одалечено во пустината да за да го видат.