Правда

СЗО: Светот мора да научи да живее со вирусот

СЗО - Работник
74views

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус, оцени дека помладите луѓе кои премногу и прерано се опуштиле од кризните мерки, се делумно одговорни за наглиот пораст на бројот на новозаразени во некои земји, но дека светот мора да научи како да живее со вирусот.

СЗО – Работник

– Веќе истакнавме, но ќе повториме – младите не се непобедливи, предупреди генералниот директор на СЗО на брифинг за новинарите.

Извор: Сител