НовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикатите и работодавачите незадоволни: Без дебата се воведува задолжително пензионирање на 64 години

Синдикатите и работодавачите незадоволни - Работник
139views

Работодавачите и синдикатите незадоволни што власта не отвори широка дебата за задолжителното пензионирање на работниците на 64 години.

Ваквите клучни измени на трудовото законодавство во Собранието ги иницираа група пратеници од власта, но не се слушна мислењето ниту на бизнисот ниту на синдикатите, посебно што задолжителното пензионирање на 64 години ќе важи и за приватниот сектор, велат социјалните партнери на Владата.

Бизнисот бара поголема флексибилност, зашто според нив, пазарот на труд е многу неизвесен и оваа мерка значително ќе го потресе.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека пензионирањето е потребно зашто така ќе се прочисти администрацијата. Но да се внимава местата потоа да не се пополнат со партиски кадри.

„Според нашите сознанија некаде околу 10 илјади вработени од 1.1. 2021г треба да заминат во пензија, што е половина од бројката која треба да се намали во администрацијата. Мораме да внимаваме истите овие прелдог измени на Законот за работни односи што треба да се случат да не бидат злопотребени во идниот период, па наместо тие што ќе заминат во пензија во истиот момент да почнат да се вработуваат подобни работници-роднини или партиски војници“. – вели Благоја Ралповски, претседател на Конфедерација за слободни синдикати.

И синдикатите се на ставот дека на прватниот сектор треба да му се дозволи поголема флексибиност и да се најде модел пензионерите да продолжат да работат зашто има дефицитарни кадри, а газдите без потреба никого не држат на работа.

Според измените на Законот за работни односи што денеска поминаа низ неколку собраниски комисии, сите работници постари од 64 години ќе одат во пензија до крајот на 2021 година. Исклучок се докторите и професорите на универзитетите..Законот предвидува докторите во болниците да продолжат да работат до 67 години само со дозвола на министерот за здравство.

Извор: 24вести