МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикат за угостителство и туризам: Вториот бран на Ковид – 19 уште повеќе ќе ги погоди овие сектори

Синдикат за угостителство и туризам - Работник
363views

Од блиски извори на синдикатот за угостителство и туризам – СУТ, во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, порталот Работник дознава дека денеска во просториите на КСС средба оствариле претставници на СУТ и Советникот на ВМРО – ДПМНЕ за труд, социјална политика, демографија и родови прашања, д-р проф. Лазар Јовевски.

На средбата, потретседателот за туризам, Сашко Папулев ги истакнал проблемите со кои се соочуваат угостителскиот и туристичкиот сектор во екот на пандемијата од вирусот Ковид – 19, нагласувајќи дека повеќе од четири месеци вработените во овие сектори се без работа. Според нашите извори, тој нагласил дека сегашната власт не направила ништо конкретно за да им излезе во пресрет, како и дека туристичките агенци, а со тоа и вработените доправа ќе го доживеат ударот поради вториот бран на вирусот и разочараните клиенти, чии средства не биле вратени.

Д-р проф. Лазар Јовевски истакнал дека ВМРО – ДПМНЕ предвидува оние средства кои се дадени на работодавачите, да не ги враќаат на државата, бидејќи согласно сегашните одлуки, оној работдавач кој зел некој вид на субвенции од државата, доколку оствари и најмал профит, ќе треба да врати 50% од нив.

Тој нагласил дека прво треба да им се помогне на работодавачите, а со тоа ќе им се помогне и на работниците во најзагрозените сектори, како што се угостителството и туризмот.

Јовевски додал и дека во програмата на ВМРО – ДПМНЕ се предвидува радикално укинување на сивата економија.

Угостителството и туризмот имаат најголем број на работници кои работат во рамките на сивата економија, па поради тоа е многу тешко да се утврди колку точно работници се останати без работа во овие сектори.

Бобан Илијевски