Сите сме гладни, ќе дојдеме со нашите семејства на протест: Вработените во ЈСП штрајкуваат, додека МВР врши проверки на автобусите

Вработените на ЈСП го започнаа штрајкот пред претпријатието.

Aко денеска не добиеме плати утре во 16.30 ќе дојдеме со нашите семејства на протест. Сите сме гладни не може да си ги вршиме своите обврски и сите задно ќе бидеме за да го изразиме револтот од политичките партии и се надевам дека денеска ќе седнат и ќе се договорат, вели Миќо Стојановски од синдикатот на ССМ при ЈСП.

Тие велат дека автобусите денеска ќе сообраќаат.

Денска превозот беше во прекин поради дојава на бомба во претпријатието.

Во моментов се уште екипите на МВР ги проверуваат автобусите.