МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СКРМ утре ќе одржи предупредувачки штрајк во културните институции

СКРМ утре ќе одржи - Работник
142views

Синдикатот на културата на Р. Македонија – СКРМ за утре најави предупредувачки штрајк во сите институции од културата, како причина за двегодишното непотпишување на Колективниот договор за култура, за чие потпишување постојано добиваат ветувања од Владата и од министерството за култура.

„Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата. Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист“, пишуваат од СКРМ во соопштението.