ЕкономијаМакедонија

СЛЕДНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ВО СЕПТЕМВРИ: Годинава ќе достигнат раст од 25 проценти

Најавено ново покачување на пензиите од септември.
 
Како што истакнаа од Владата, на состанокот со претседателот на Партијата на пензионери и потпретседателот, зборувале за политиките и мерките на Владата за пензионерите, за предлозите и прашањата што се од нивен интерес.
 
„ Како одговорна Влада, подеднакво се грижиме за заштита на стандардот на сите граѓани. Со новата методологија на усогласување на пензиите обезбедивме да има континуиран раст на пензиите. Со последното усогласување во март пензијата се покачи за 8,4%, а усогласување ќе има повторно и во септември, со што пензиите за една календарска година ќе достигнат раст од 25%“.
 
Извор: faktor.mk