МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Директорите да го пресметаат додатокот на плата за прекувремена работа во октомвриската плата

Неделков до наставниците - Работник
448views
СОНК апелира до вработените во училиштата да ги потсетат директорите во пресметката на плата за месец октомври да ги пресметаат и додатокот на плата за прекувремена работа.
 
„Почитувани колеги,
Сите кои што овој месец имавте зголемен обем на работа, време е да ги потсетите директорите во пресметката на плата за месец октомври да го пресметаат и додатокот на плата за прекувремена работа, во согласност сo Законот за наставници и стручни соработници, Законот за работни односи и Општиот колективен договор за јавен сектор. Во прилог на оваа објава е и Известувањето на МОН доставено до директорите на училиштата на 21. 10. 2020 година“, стои во фејсбус статусот на СОНК. 
 

Почитувани колеги,
Сите кои што овој месец имавте зголемен обем на работа, време е да ги потсетите директорите во…

Posted by Самостоен синдикат за образование, наука и култура – СОНК on Tuesday, October 27, 2020