СОНК оствари средба со Министерството за социјална политика, демографија и млади
Фејсбук статус на претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
СОНК и министерството за социјална политика, демографија и млади остварија работна средба.
☆Домаќини на средбата беа министерот, заменик министерот и државниот секретар во министерството, на која што разговараме за прашања од сферата на детската заштита.
☆ Дополнително, побаравме отворање на преговори за прашања поврзани со статусот на вработените во центрите за социјални работи, како единствен репрезентативен синдикат во оваа дејност.
☆Договорено е дека наскоро ќе се формираат работни групи кои што ќе работат на прашања од интерес на вработените во градинките и центрите за социјални работи.

