СОНК очекува покана од Владата за нови преговори
Очекуваме денеска нова средба во Владата за каква сме целосно подготвени и преку конструктивни преговори да дојдеме до решение на прашањето за покачување на платите и штрајкот во образованието да биде прекинат, а наставата продолжена, изјави за МКД.мк претседателот на СОНК Јаким Неделков. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава. За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков.
Повеќе на МКД.мк

