МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК предлага повозрасните работници и оние со хронични болести да се префрлат на работни места со помал ризик

Неделков до наставниците - Работник
432views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК преку писмо до општините предложи мерки  кои би помогнале во борбата против Ковид – 19.

Од СОНК до општините предлагаат да направат реорганизација на работниците со тоа

  • повозрасните работници и работниците кои имаат поголема Ковид возраст да се префрлат на работни места коишто ќе бидат со помала можност за физички контакт со други луѓе односно со помал ризик од зараза;
  • работниците кои своите работни обврски можат да ги извршуваат по електронски пат од далечина, да им се дозволи тоа да го прават во домашни услови;
  • на сите оние наставници, кои изведуваат настава од далечина од училишните простории, доколку изразат желба тоа да го прават во домашни услови, со сопствен интернет, компјутер итн., тоа да им биде дозволено од страна на директорот;
  • на оние наставници, коишто патуваат до училиштето со јавен градски превоз или групирани во приватни возила, каде што за жал нема соодветни услови за настава од далечина, по нивно барање да им се овозможи настава од далечина од дома;
  • во паралелките каде што се изведува настава со физичко присуство, освен веќе пропишаните заштитни мерки и средства, да се користат и UV светилки кои што се докажани во стерилизација на просторот.

„За дел од овие предложени конкретни мерки СОНК и МОН веќе разговараа и ги усогласија ставовите, а како резултат на тоа,  од страна на Министерката за образование и наука, на 21.10.2020 година, беше упатено Известување до директорите на училиштата, со можност за организација и реорганизација на воспитно-образовниот процес“, стои во писмото на СОНК испратено до општините. 

СОНК побара и безусловно почитување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа, при што директорите на училиштата треба да изготват и спроведат Изјава за безбедност за секое работно место. 

Во услови на секојдневно зголемен број на заразени и починати луѓе во државата, ова би бил наш заеднички скромен придонес во борбата за спречување од ширење на оваа опасна болест и од името на двете институции што ги претставуваме, како и според надлежностите што ги имаме, би биле пресреќни  доколку се превземат конкретните предложени заштитни мерки и со тоа, како општествено одговорни лица, би спасиле можеби и многу човечки животи, порачаа од СОНК во писмото до општините.

Бобан Илијевски