- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК со поддршка и физичко присуство на протестот на СПМ

СОНК - Работник
226views

Поддршка за протестот на Синдикатот на полицијата во Македонија-СПМ  пристигна и од најголемиот грански синдикат при КСС, Синдикатот за образование наука и култура- СОНК.

СОНК испратија писмо до СПМ и до КСС со кое ја изразуваат својата поддршка за најавениот протест и сметаат дека како полициски службеници кои имаат клучен дел во правилно функционирање на една држава имаат право да им бидат исполнети барањта кои се основа за нивното функционирање,

Advertisement

Во продолжение дел од нивниот допис:

” Воедно, сакаме да ве увериме дека како членка на КСС, каде што впрочем и СОНК припаѓа, ја имате поддршката, секако и желбата во остварување на целта изразена преку вашиот најавен протест. Исто така, СОНК е цврсто убеден дека барањата од страна на вашиот синдикат се само дел од проблемите со кои се соошувате во секојдневното работење на работните места и како полициски службеници имате клучен дел за правилно функционирање на една држава.

Advertisement
Advertisement

СОНК е убеден дека вашиот организиран протест ќе биде успешен, секако почитувајќи ги сите протоколи за заштита од Ковид -19, вашите барања бидат слушнати, сериозно сфатени и прифатени од страна на надлежните во нашата држава, со надеждека по пат на социјален дијалог ќе се изнајдат прифатливи решенија на задоволство на сите. Во спротивно, СОНК ве уверува дека секогаш ќе ви ја дава целосната поддршка и ќе стои зад вас за сите чекори што ќе ги преземете во иднина.

Верувајќи во вашата искрена синдикална заложба за подобрување и остварување на конечната цел, СОНК ви посакува успех во вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестот кој ќе се одржи на 08-05-2021 година.”

Advertisement