СОНК: Успешно завршена студиската посета во Р. Турција

Делегацијата на СОНК успешно ја заврши студиската посета во Р. Турција. Во рамките на меѓународната соработка со синдикатот за образование Egitim Is , регион Едрене, беа посетени повеќе образовни установи на сите нивоа. Беше остварена и средба со Градоначалникот и подрачниот Министер за образование.
Раководствата на двата синдиката разменија синдикални искуства и се договорија за континуирана понатамошна соработка. Благодарност на домаќините за топлиот прием, а особено на колегата Nazim Kirci.