- Advertisement -
НовостиПравда

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од второто полугодие

92views

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија соопшти дека заедно со матурантите ќе ја бојкотира наставата од второто полугодие која започнува во четврток, 21 јануари, се додека нивните барања не бидат прифатени од образовните институции.

Тие бараат на државната матура да има испити по два предмети, по примерот на Франција, со што задолжителен прв предмет да биде мајчин јазик (македонски, албански, турски итн.). Додека пак, вториот предмет да биде по избор на ученикот во завиност од своите планови и интереси за понатамошно образование.

Advertisement

„Исто така, од МОН и од Државниот испитен центар во март бараме да објават и да презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјаи за испитите“ велат од Сојузот, од каде што додаваат дека барањата биле предложени до образовните институции за време на состанокот со МОН на 9 декември минатата година.

Од Сојузот посочуваат дека одлуката за бојкот доаѓа откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не биле подготвени да соработуваат за нивните барања да бидат прифатени и истите успешно да се спроведат.

Advertisement

Министерката за образование и наука, Мила Царовска во вчерашното гостување на ТВ Клан информираше дека второто полугодие продолжува по истиот модел којшто се покажал успешен во првото полугодие.

„Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел“, рече министерката.

Извор: Мета.мк 

Advertisement