- Advertisement -
ИнтервјуаНовости

Спасовски: Пензионерите во 2020 беа на работ на сиромаштија – Потребен е поволен пензиски модел

Спасовски: Пензионерите - Работник
610views

Претседателот на Пензионерскиот синдикат на Македонија Марјан Спасовски во интервју за порталот Работник зборуваше за тоа каква година беше 2020 за пензинерите, кои се идните чекори на синдикатот за подобрување на социо – економскиот статус на пензионерите, како и на други теми.

Целосното интервју во продолжение:

Работник: Каква година беше 2020 за пензионерите, од социо – економски аспект?

Спасовски:Најправо сакам на сите да им ги честитам божиќните празници. Почитувани пензионери, драги сограѓаники и сограѓани на вас и на вашите семејства ви посакувам среќен Божиќ и се најдобро во 2021 година. Овој Божиќ го очекуваме во посебна атмосфера и со најголем приоритет на зачувување на здравјето и животот на сите наши сограѓани во ова време на неизвесност и криза предизвикана од пандемијата на Ковид – 19. Со желба да го поминете празникот во мир и благосостојба, во топлината на вашите домови. Ви посакувам Среќен Божиќ. 

За пензионерите 2020 година беше трагична. Голем број на лица над 65 години во Република Македонија живеат во зона на сиромаштија, а новата економско – социјална криза предизивикана од пандемијата само дополнително ги наруши животите на постарите лица. Кај пензионерите и постарите лица најголем ризик е страв од болест или смрт. Социјалната исклучивост во одредени случаи, недостапност до здравствената заштита и падот на стандардот се некои од факторите кои пак, доведоа до појава на сиромаштија. 

Работник: Што според Вас треба да се направи во 2021 година за да се подобри статусот на пензионерите?

Спасовски: Треба да се вовоеде поповолен модел за усогласување на пензиите. Ова Пензионескиот синдикат го гледа како едно од решенијата, барем за запирање на брзото осиромашување на пензионерите. Токму ова, Пензионерскиот синдикат на Македонија го става во приоритет. Потребно е реално усогласување на пензиите. Треба да се направат вонредни усогласувања, според растот на просечната плата, бидејќи многу пензиски реформи и мерки за штедење значително ги намалија пензиите.

Работник: Со оглед на тоа дека минатата година заврши со пад на Бруто Домашниот производ за -5,7%, како ова ќе се одрази врз пензиите?

Спасовски: Економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид – 19, веќе негативно се одрази врз пензиите. Со самиот факт што пензиите во второто полугодие на 2020 година се зголемија за 0,60 % или просечната пензија порасна за нецели 90 денари, додека одредени намирници кои се неопходни за живот забележија покаќување што пак влијае врз стандардот на пензионерите.

Работник: Колку според Вас треба да изнесува една минимална пензија за да може да ги задоволи потребите на пензионерите?

Спасовски: Кај нас се уште не е воведена минимална пензија, но постои најниска пензија која за месец ноември 2020 година за земјоделските пензии изнесува 8,041 денар и до најниска просечната пензија 9,751 денар. Сега како членка на Европската Федерација на пензионери и постари лица – ФЕРПА, вклучени сме во проект за изнаоѓање на минимална пензија во земјите од поранешна Југославија. Со оглед на различните стандарди во истите, во некои земји членки на Европската унија и поранешните Републики од поранешна Југославија, сега држави членки на ЕУ има модел кој за висина на минималната пензија ја зема потрошувачката кошница, во која се опфатени сите трошоци за живот плус зголемена со одреден износ од непланирани трошоци. На пример, кошницата кај нив изнесува 515 евра, а минималната пензија е 615 евра.

Да напоменме дека кај нас, пензионерите не живеат сами, како во ЕУ, туку во голем дел се единтвените приматели со редовни примања на финансиски средства и истите ги трошат за издржување на семејствата на своите деца и слично. На регионалната конференција на ФЕРПА која се одржа во Белград во 2019 година имаше и други предлози, како на пример 60 % од нето исплатената просечна плата во државата и слично.

Работник: За што Вие како Пензионерски синдикат ќе се залагате во 2021 година во однос на подобрување на социо – економскиот статус на пензионерите?

Спасовски:Пензионерскиот синдикат на Македонија го зазема ставот од самиот почеток – „пристојна пензија за пристоен живот“. Тоа значи воведување на поволен модел за усогласување на пензиите, така да тие бидат услогласувани 100 % според поволниот индекс на просечна нето исплатена плата или порастот на цените, односно инфлацијата. Воведување на минимална пензија која ќе обезбеди достоинствен и пристоен живот, право на сите пензионери на различни форми на работа без суспензија на пензиите, вистинско јавно здравство достапно за сите и зајакнување на првиот државен пензиски столб. Пензионерскиот синдикат ќе вложи напори за надминување на пречките за работата на синдикатот преку контакти со надлежните институции во државата. Во најава се новите антикризни мерки на Владата, со кои Пензионерскиот синдикат бара да бидат опфатени сите пензионери со државна помош. Пензионерите со пензии до 12,000 денари, со 9,000 денари и останатите со 6,000 денари. 

Бобан Илијевски