МакедонијаНовостиСиндикат

СПМ: Барање до Министерот за внатрешни работи за решавање на проблемот со кои се соочуваат работниците во МВР

   Време за читање 2 минути

Фејсбук статус на СПМ:

Барање до Министерот за внатрешни работи за решавање на проблемот со кои се соочуваат работниците во МВР

Согласно Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР, единствен надлежен орган за поведување и спроведување на дисциплинските постапки против работниците во Министерството за внатрешни работи е Секторот за дисциплински постапки при Одделот за дисциплински и судски постапки на МВР и сите расправи се одржуваат во седиштето на МВР.

Со цел избегнување на идни судски постапки против Министерството за внатрешни работи, во иднина потребно е да ги решите следните работи:

 Вo случаите кога против работник е поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, Раководителот на организациската единици е должен на работникот, претставник на предлагачот и другите учесници во постапката да им овозможи службен превоз на денот кога е закажана главната расправа против истиот работник, а не како до сега работниците од свој џеб да си го плаќаат превозот од било кој дел на Македонија,

 Во периодот кога е закажана расправата за водење на дисциплинска постапка како и времето поминато од и до Секторот за дисциплински постапки на учесниците на постапката да им се засметува во работно време (ова често се злоупотребува од поедини раководители и често работниците за присуство на расправата земаат слободен ден, годишен одмор и слично),

 Останува обврската и правото на секој работник против кого е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по поднесено писмено барање може да изврши увид во доказниот материјал како и истото да го стори пред одржувањето на расправата. Ова право работникот може да го оствари непосредно пред одржувањето на главната расправа или за време на одржувањето на истата (ова е битно секој работник да биде запознат со ова право односно МВР / Одделението за дисциплински постапки да му го овозможи писмено, напишано во поканата за расправа илина било кој начин за да може работникот да си ги знае своите права).

Враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ на вработените во МВР!

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме