МакедонијаСиндикат

СПМ даде поддршка на протестот на НСП

Фејсбук статус на СПМ:

Почитувани колеги и членови на СПМ, почитувани вработени во МВР,

Иако во најголем дел не се согласуваме со начинот на делување, парцијалното и нејасно користење на правните рамки на другите синдикати во МВР, од гледна точка на синдикална солидарност и залагање за подобрување на правата и условите за работа, економско-социјалниот статус на полицајците, посебно што денес ќе се повторат нашите барања, ДАВАМЕ ЈАВНА ПОДРШКА НА ПРОТЕСТОТ на Независниот синдикат на полицијата.

Сметаме дека подршката е целисходна заради тоа што: – СПМ од своите почетоци со десетици акти, известувања, реакции а и протести се обидуваше да докаже пред јавноста и МВР дека основната плата, како еден дел од основната компонента на плата, е пониска од со закон предвидената минимална плата, иако висината на таа плата е дирекно врзана за вредноста на бодот.

И покрај оваа подршка, во контекст на платата, останува барањето на СПМ за ПОВИСОКИ ПЛАТИ и воедначувањето на судската пракса, но и судењето во разумен рок, СПМ го форсира веќе неколку години наназад, особено во кривични предмети против наши колеги, но и по предмети по наши поднесени претставки и пријави. Таквиот начин на работа на судовите претставува реален и тежок проблем во спроведувањето на тековната работа на полицајците, но и покрај актите и реакциите испратени до релевантните институции од судската власт, досега не е понудено решение.

Кога веќе дојдовме до достоинството и професионализмот на полицаецот,нашиот став ви е повеќе од јасен на сите, докажан јавно и транспарентно во текот на претходните години за што говори и нашето основно мото “ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО МВР” .

Нашата солидарност кон колегите ни налага да посакаме позитивен фидбек од барањата, иако стоиме на став дека со идните решенија и законски измени кои се веќе во процедура, минималната плата и вредноста на бодот нема да бидат воопшто релевантни за МВР, односно платата ќе биде пресметувана и исплаќана по друга методологија и основи.

ДА СТАНЕ ПОЈАСНО, со долгогодишните наши барања и реакции до сите релевантни институции за што сведочат многу писма и реакции, од наредната година конечно е прифатено нашето барање во Законот за внатрешни работи а тоа е ОСНОВНАТА ПЛАТА во МВР да биде минимум минималната плата во Македонија, што е огромна придобивка за вработените во МВР.

Ова во превод значи дека од наредна година од месец март ќе има ново зголемување на платите во Полицијата 👮🏼‍♀️.

Затоа,предлагаме и до другите синдикати да ни се придружат со анализи и пресметки кои се веќе во тек во СПМ за да не биде повторно доцна, па повторно да се бараат протести кои за нас во овој момент се беспредметни‼️

Синдикален поздрав,