МакедонијаСиндикат

СПМ: Испратено барање до МВР за зголемување на додатокот за домашно дежурство

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Барање испратено до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme за измена на член 100 од Колективниот договор на МВР (воведување на домашно дежурство на раководниот кадар во БЈБ) и зголемување на додатокот за домашно дежурство на 10%

Колективниот договор на МВР (службен весник на РМ број 149 од 2021 година со сите негови измени и дополнувања) претставувајќи го тогаш – 2021 година како еден од најмодерните и најсовремени за сите времиња (иако измените тоа не го кажуваат дека е така), кон одредена категорија на вработени се нанесе голема неправда.

Целта на еден Колективен договор е надградување на сите социјални, професионални, нормативни и други стандарди кои се неопходни за подобрување на условите за работа на вработените кои на крајот ќе резултираат со краен резултат – задоволен и мотивиран работник.

Согласно наведеното предлагаме и бараме измена на членот 100 од Колективниот договор на МВР, каде покрај не униформираниот полициски службеник кој не работи во смени, право на домашно дежурство да добијат и раководните работници во Бирото за јавна безбедност (Началници на сектор, единица, одделенија, командири на ПС ОН, БПС и слично).

Согласно наведеното Бараме на наведената категорија на работници опфатена погоре да им се утврди додаток на плата согласно член 166 од колективниот договор на МВР односно бараме додатокот на плата за домашно дежурство за сите категории на работници на кои им следува ова право, надоместокот за домашно дежурство наместо досегашните 5% да се зголеми на 10%.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!