- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: „Криминал на секаде, позорникари никаде. Граѓаните гневни, МВР се фали”

440views

„Криминал на секаде, позорникари никаде. Граѓаните гневни, МВР се фали” 

Наслов од новинарска статија пред два дена!!!

Вака ли се гради професионална полиција, министре Спасовски??? А толку помпезно и со чукање во гради, го најави МААЛСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ! Можеби НЕ ЗНАЕШЕ дека ПОЗОРНИКАР постоеше и пред тебе, и пред Нас и пред оваа држава. Не го измисли ти. Уште помалку го врати. А можеби ортакот твој Маце заборавил да ти каже…да ти шепне барем…

Дали воопшто имаш поим од кое значење е, што претставува, како се обучува и што работи ПОЗОРНИКАРОТ, Спасовски??? 

Тоа е ОСНОВАТА на Полициското работење. Основната и директна врска помеѓу системот и граѓаните. Темел на оперативната работа. А што значи за граѓаните-прочитај го насловот од медиумите. За тоа си одговорен и виновен единствено ТИ, Спасовски. Иако ја најави, предвреме или плански, ја уништи таа служба, ја прекина таа врска, го сруши тој темел. 

– ЗАТОА ШТО не си повел сметка како и на кој начин се обучуваат идните полицајци, не те ни интересира дали е функционален постоечкиот концепт, па ги испраќаш идните полицајци на улица потполно необучени и неописменети за полициска работа. Не е тоа вина на полицаецот. 

– ЗАТОА ШТО не си повел сметка на кој начин ја организираат и спроведуваат работата ТВОИТЕ началници и командири, од кои најголемиот дел се поставени лично со твој амин. 

– ЗАТОА ШТО не си повел сметка дали има доволно работници да ја покријат барем делумно, територијата на реоните и секторите, но затоа во МВР имаш повеќе од доволно секретарки, кафекувари, виши, главни а и преку главни советници, помошници, заменици, помошници на замениците, заменици на помошниците и уште колку ти дупе сака категории измислени за послушници и следбеници. А полицајци??? 

– ЗАТОА ШТО не си помислил дека еден полицаец кој оди пешки не може да стигне на две, а многу често и на 3 места, во исто време, па затоа ТВОИТЕ старешини ги казнуваат за ненавремено извршување на задачите. АПСУРД за кој лично ти си одговорен, Спасовски. 

– ЗАТОА ШТО не си пружил никаква заштита на полицаецот, туку предвреме ги осудуваш и тоа јавно, медиумски, со квазитранспарентност за тоа што се обидуваат да ја завршат задачата која им е дадена како знаат и умеат, задача за која твојот систем на образување, твојата систематизација и твојот игнорантски однос не ги научиле!!! 

И има уште многу ЗАТОА ШТО, Спасовски. Има уште многу причини зошто ти си полош министер и од оној кој не нарекуваше “муфлони”! Зарем се уште не ти е јасно дека не може МВР да функционира со 5, 6, 7 старешини на 1 полицаец? Колку уште треба да ти стане јасно дека се потребни повеќе полицајци, а помалку советници и сите тие останати категории на послушници? 

Службата не функционира НЕ затоа што полицаецот е неспособен. Туку затоа што твојот систем, твојата систематизација, твоите “началничиња” немаат ни П од полициска етика, морал и знаење. Секојдневно потфрлувате во основната задача-создавање на професионален полицаец. А за задоволна полиција нема повеќе ни што да се спомне.

Исполни си го барем твојот збор, ако нешто и тоа ти значи, покажи дека имаш чест и образ, кога веќе не видовме ништо од професионализам и почни да градиш Полиција, а не згради и фасади. 

Но ако полицијата и понатаму ја градиш како што ги градиш фасадите, веќе дошол крајот на професионалната полиција!!! 😪

Се повеќе е очигледно дека е така…време е да се разбудиш од филмот дека си “the best ever” …Време е…почитуван.