СПМ: МВР НЕ Е ДООЕЛ, СТОП ЗА НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШЕЊА

Без вовед, без претходни најави зошто и како, се обраќаме директно до Министерот Спасовски, со оглед на целокупната ситуација, криза и натрупани проблеми во кои заглавуваме како припадници на МВР заради негрижа, некомпетентност и безидејност.

Г-дине Министер, од последните информации кои СПМ ги добива од членството и многубројните подржувачи на нашите напори, обврзани сме да Ве предупредиме за следните Ваши чекори и решенија во врска со настанатата економска, професионална, културолошка криза.

Имено, се повеќе сме уверени во намерата, Ваша и на Вашиот тим, за спроведување на некакви ”решенија за штедење” во МВР кои предвидуваат разноразни ограничувања и кратења на додатоци и надоместоци на платата на полицајците и вработените во МВР ( прекувремени, ноќни,викенди, додатоци на ПЕП, ЕБР, ЕСЗ ). Уште веднаш да се изјасниме и да Ве предупредиме

ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ. НЕ СМЕЕТЕ ДА ИМ ЈА СКРАТИТЕ ИОНАКА СОЦИЈАЛНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ!

Мерки на штедење можете да спроведете на многу други стапки од буџетот. Како прв пример ќе ви наведеме последниот ваш “тендер” за концесионирање на кујната во Ѓорче Петров и Идризово. Ако сакате да заштедите, вработете кувари и персонал-како што и во минатото функционираа тие објекти. Нема да се плаќаат услуги од било каков вид. Зошто да се издаде на концесија кога може да работи за МВР? Или тоа се “лесни пари” за давателот на услуги, за добавувачите на производи, па нови набавки за кои ќе се одлеваат милионски суми ( како досега )?! И како не помалку важна ставка- ќе се дозволи на лица кои немаат безбедносен сертификат да работаат во објекти на МВР? И тоа со припадници на ОСПО? Ние тврдиме дека нашиот предлог е далеку подобар и поефтин. Прекинете со непотребните тендери, МВР не е ДООЕЛ и започнете со министерување како прв полицаец, а не трговец.

До нас стигнаа информации дека планираш да ги приватизираш објектите на МВР. Порака од нас: Ако ќути Кицката, НИЕ НЕМА ДА ЌУТИМЕ. Ни на крај памет да не ти текне да направиш таква глупост. Ако оваа вест не е точна демантирај ја, немој да нанесуваш во иднина штета на вработените кои би плаќале повисоки цени во објектите. НЕМОЈ!

Следен предлог за штедење- услугите за одржување на хигиена во објектите на МВР. Повторно исто решение- вратете ги хигиеничарите на платен список на МВР!!! И тоа во минатото функционираше беспрекорно. И повторно ќе се заштедат милионски суми за услуги и набавки кои МВР не ќе мора да ги плаќа доколку тие лица се вработени во МВР. ПОВТОРНО да Ви напоменеме дека тоа се надворешни лица кои не поседуваат безбедносни сертификати, а имаат пристап до секој агол на МВР. Во овој контекст да ве потсетиме дека на одредени работници, овластени службени лица вие лично им ограничивте пристап до работно место, а на некои им го доведовте и работниот однос во прашање само затоа што “некој” не им ја продолжил важноста на безбедносните сертификати. Или тоа не се важи? Тоа во вашата позната улога на автократ, цар го решавате Вие лично? За кој ќе важи а за кој не? И повторно- прекинете со овие тендери, МВР не е ДООЕЛ, почнете да ја работите вашата вистинска работа и да се грижите за доброто на сите вработени, не само на 15-тина и приватните џепови на добавувачите на услуги.

Како следен чекор ви предлагаме- набавка на единици за копирање, скенирање и придружна опрема, обука или вработување на технички персонал за одржување на истите. Овој пат МВР ќе заштеди многу повеќе од претходните два предлози заедно, за услуги и набавки и материјали. Овој тендер воопшто не е потребен за МВР. Овие услуги ги немаше во минатото, па МВР не заостана нити со еден лист хартија помалку. Нити со еден акт помалку. И повторно да напоменеме- лицата кои вршат сервис и проверка на овие апарати се надворешни лица кои во зависност од моделот на апаратот, имаат притап и до разноразни класифицирани содржини на акти, а не поседуваат безбедносни сертификати. Покрај тоа што со ваквите тендери дозволувате непотребно одлевање на парични средства, на ваше незнаење може да настанат штетни последици за работата во МВР. Да не се повторуваме за тендер – ДООЕЛ – МВР – Министерување!!!

Следно, што можеби е и најважно за полицајците, вие како Министер или немате контрола над распределбата на прекувремени саати или не сакате да ни да имате.За нееднаквиот третман каде во иста работна единица двајца имаат секој месец 32, а останатите 15,20,30 итн работници, по 1,2 или ниеден прекувремен саат, нема да зборуваме. Дали вие, Министер, воопшто знаете кој се од раководните кадри си “калапи” прекувремени саати врз основ на вршење контрола и надзор на работата?

Дали знаете дека контрола на работата се врши од вработени кои не се НЕПОСРЕДНИ раководители врз основа на ЗВР ( помошници началници, виши и главни инспектори за ЈРМ и сообраќајни работи, сменоводители, инспектори за резервен состав, за превенција итн итн) ⁉️

Дали воопшто ве известиле дека вашите дисциплинските комисии работаат надвор од предвидено работно време и за тоа си наплаќаат прекувремена работа?

Дали знаете колку “печалбари” раководители и останати имате на секој празник? Тоа за вас не заслужува кратење или во најмала рака, контрола од ваша страна⁉️

Кога сме веќе тука, да ви кажеме, ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ, од 2014-та година МВР исплаќа парични средства по основ на тужби за непочитување на права од работен однос. Но тие пари не се проблемот. Проблем настанува во буџетот заради исплата на судски, адвокатски и извршителски трошоци. АПСОЛУТНО НЕПОТРЕБНИ ТРОШОЦИ СЕКОЈА ГОДИНА ОД 2014-ТА ДО ДЕН ДЕНЕС!!!!Зошто , Министер, не спроведете пракса на редовна исплата на сите законски предвидени додатоци и надоместоци? Зошто упорно дозволувате одлевање на пари кое може да се спречи со неколку Ваши телеграми? Или во прашање е способноста? Компетентноста? Или во прашање е сосема нешто друго во позадина???

Г-дине Министер, има уште многу начини да заштедите пари. Зошто во вакви кризни времиња не покажете пример вие лично- скратете ги луксузите на Вашиот кабинет додека трае кризата?! Нескафиња, специјални чаеви, посебно печени лебови од 170 денари, свежи риби, свежи салати, фстаци, лешничиња….Обидете се и вие смената да ја поминете со геврече и чаша јогурт од Ваш џеб, ако сакате да покажете доблест и интегритет во вакви кризни времиња. Но за вас е изгледа најлесно да удрите по грбот на работникот кој и онака не го гледате како се мачи на улица. По џебот на полицаецот кој го донесовте до стадиум да се тресе од страв кога доаѓа на работа, а не да ви се спротивстави иако му го земате лебот од устата на семејството.

Министер, барем овој пат потрудете се да го протолкувате ова како критика и добронамерни предлози. Не како навреда. Оваа наша реакција не е за да навредува туку да ве упати на вистинскиот пат, кон вистинската цел, на реален начин без нанесување штета на никого. Доколку само го “прочешлате” буџетот и ги имплементирате нашите предлози (такви предлози СПМ има уште многу), ќе се уверите дека не само што ќе нема потреба од кратење, туку ќе има и повеќе од доволно за покачување на платите, порамнување со минималната, па дури и за К-15. Но тоа зависи од вас и колку вашите полтрони имаат влијание над вас.

Ги повикуваме и двата Синдикати во МВР за ова да реагираат и да не седат со скрстени раце!

Г-дине Министер, предупреден сте!!!

Не дозволувајте кратење или ограничување на парите на работникот. Немојте ни на крај памет да си играте со објектите на МВР. Бидете Министер, не трговец.Времето веќе и одминува…

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#силанановотовреме

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0Nde6b1wcSkcJYiqBTfhBMwQS4k3TQ6PaKJ1N3jDxV9iE7hELAyYHp1PEzcTgCMYMl&id=100046824475551