Uncategorised

СПМ: Синдикатот на полиција во Македонија ги достави предлог измените за Законот за внатрешни работи

   Време за читање 2 минути

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Денес Синдикат на Полиција во Македонија до Министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски и Одделот за правни работи и управување со човечки ресурси ги достави предлозите и предлог измените за Законот за внатрешни работи.

Воедно ги известуваме нашите членови и вработените во Министерството за внатрешни работи дека со анализата на предложениот ЗВР се донесува недвосмислен заклучок дека целокупниот предлог е наменет односно ќе овозможи функционална институција.

Факт е дека во последните години наназад МВР како институција немаше скоро никаков систем, систем кој често беше злоупотребен заради бизнис, партиски и лични интереси. Со овие предлог измени многу предлог решенија се ставаат во ред за кои сметаме дека ќе донесе професионална и некорумпирана полиција.

Новиот Закон за внатрешни работи ќе донесе поголема функционалност на МВР, тука вклучително не само права туку и конечно воспоставување на систем кој во иднина ќе функционира.

Во најголем дел се земени начелата на етика и морал при изработка на закон или законско решение со што вака изготвениот предлог закон е дозволив и спроведлив во пракса. Повеќе од јасно е дека ЗВР мора да претрпи измени и дополнувања, со комплетно нов закон, вклучувајќи ги тука и промените и предлозите кои ги предлагаме како Синдикат.

Во оваа верзија од самиот закон, беа вметнати многу наши предлози и сугестии. Една од најзначајните е тоа што во иднина основната плата во МВР нема да биде помала од минималната плата во Република Македонија, што е за поздрав.

Веруваме дека и овојпат нашите забелешки ќе бидат сериозно разгледани и имплементирани во конечната верзија на законот.

Со почит,

Синдикат на полиција во Македонија

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме