Правда

Средба Мизрахи- Ди Џовани: Унапредувањето и заштитата на правата на децата се приоритет број еден

   Време за читање 1 минута

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ во државава Патриција Ди Џовани.

Средбата беше можност да се информираат меѓусебно за започнатите процеси на соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ. Имено, помеѓу двете институции постои долгогодишна успешна соработка при што се реализирани многу проекти кои биле во интерес на децата.

Мизрахи и Ди Џовани изразија заинтересираност за продолжување за помагање на процесот на предучилишно образование на децата и центрите за ран детски развој. При тоа претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани ја истакна улогата и придонесот на УНИЦЕФ во земјата. Таа ја потврди посветеноста на УНИЦЕФ да продолжи со поддршка на земјата во реформите за унапредување и заштита на правата и благосостојбата на децата во државава и на процесот на деинституционализација.

И министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи потврди дека ќе се посвети на унапредување и заштитата на правата на децата и дека министерството со коешто таа раководи ќе го стави најдобриот интерес на детето пред политиката, но и дека нејзината визија за детската заштита е да се работи посветено во оваа област затоа што децата само еднаш се деца и тоа е период во кој најмногу им е потребна поддршка и од семејството, но и од државата.

Извор: МТСП