МакедонијаПравда

Средношколски глас до МОН: Платформата не ви функционира, образованието е право, а не привилегија

30views

Националната платформа за учење на далечина не функционира а во текот на утрешниот ден треба да се одржат првите пробни часови, реагираат од Средношколски глас откако првиот тест кој се оддржа денеска беше неуспешен. За утре е планиран вториот тест на кој треба да се приклучат повеќе од 200 илјади ученици.

„На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална. Ние средношколците сме незадоволни од непристапноста и нефункционалноста на платформата. Образованието е право, а не привилегија.“ – реагираат од Средношколки глас.

Извор: ТВ24