ССЕРИ до Ковачевски: Дали се сеќавате како договараа преземање на синдикатот Вашите сопартијци во Битола и каков притисок се вршеше врз синдикатот?
Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката, рударството и индустријата – ССЕРИ при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС по повод вчерашната изјава на директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, по поставено новинарско прашање за случувањата околу синдикатот, дека токму судските постапки биле повод за стопирање на паричните текови кон синдикатот, му поставува неколку прашања јавно на почитуваниот Директор.
1. Како може да бидат судските постапки причина, кога Вие парите ги стопиравте во Декември 2017 година за плата од Ноември 2017 година кога немаше ниту тужби ниту друг синдикат?
2. Дали се сеќавате како договараа преземање на синдикатот Вашите сопартијци во Битола и каков притисок се вршеше врз синдикатот?
3. Дали новиот синдикат на МЕСО дури во Април 2018 година Ви достави список со членови и Ве извести дека е регистриран?
4. Како тогаш можело да има проблем кога очигледно неможејќи да не уцените во 2017 година, формирате нов синдикат кој е легитимен дури во 2018 година, па се прашуваме каде отидоа нашите членови или останаа во АД ЕЛЕМ, а новиот синдикат ги има членовите од АД ЕСМ?
5.Ако е така, а така е, како ги сервисиравте членовите од другиот синдикат да делат новогодишни поклони за 2018 во Декември 2017, ги ослободувавте од работа со службени пропусници (во објаснување: за делење на новогодишни пакетчиња), да организираат осмомартовски прослави итн. по наша програма, по колективен договор кој ние го потпишавме, пари кој нас ни припаѓаа или Вие лично ги плаќавте или ги префрлавте на синдикатот на МЕСО?
6. Ако е така или не, Ве прашуваме дали е тоа злоупотреба, лажно преставување и злосторничко здружување?
7. Кој ќе одговара за парите кои се извршени од комбинатот РЕК Битола во висина од 8.500.000 денари по судска пресуда и за другите судски пресуди кои се донесени во првостепените судови кои тежат околу 30.000.000 денари, или парите на народот се небитни во споредба со вашите потреби да контролирате се, пари од државниот буџет, пари на работниците?
8. Зашто ги продавате хотелите во сопственост на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ, а превентивните одмори за работниците се прават по други хотели со дупло или тродупло поголеми цени, кога можете многу лесно да се договорите со ВАШИОТ синдикат истите да ги организираат во нашите хотели?
„На крај повторно ги повикуваме институциите да постапат и да истражат дали тука постои злоупотреби или не, за што стоиме целосно на располагање со документацијата што ја имаме“, велат од ССЕРИ