- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ССНМ и ЗНМ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џaзира во центарот на Скопје

ССНМ и ЗНМ: Осуда за нападот - Работник
254views

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат нападот кон новинарската екипа на Ал Џезира и бараат од МВР да го санкционира напаѓачот за кој има и јавно достапна снимка од настанот.

„На протестот кој вчера во центарот на Скопје го организираше политичката партија ВМРО ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џазира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски обврски. Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако прашалo од кој медиум непознатоto лице имало физички контакт со нив по што го турнало микрофонот на новинарката“, велат од ССНМ и ЗНМ. 

Advertisement

Новинарката Смилевска на лице место го пријавила инцидентот на службеник од МВР по што, за сега непознатото лице, било тргнато на страна, а од службеникот било укажано дека соодветна прекршочна пријава ќе биде поднесена кон напаѓачот, велат организациите. 

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите е неприфатливо во демократски земји . Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните, стои во заедничкото соопштение. 

Advertisement
Advertisement

Advertisement