- Advertisement -
МакедонијаПравда

ТВОЈА партија: Стоп за ковид профитерството

ТВОЈА партија - Работник
189views

Немоќта на Владата  во Македонија да организира здравствена заштита за сите граѓани во услови на пандемија, создаде Ковид профитерство, кое секојневно расте.

Во ниедна земја во регионот и во Европа, нема лекување на пациенти од КОВИД 19 во приватното здравство. Дури и во земјите во кои државата времено управува со приватните клиники, цените на услугите се ограничени.

Единствено во Македонија владее безредие и овозможено е неконтролирано “Ковид профитерство”.

ТВОЈА партија бара, по примерот на сите држави во Европа, Владата ИТНО да го спречи “Ковид профитерството”.

ТВОЈА партија бара Владата да превземе целосна контрола во лекувањето на пациентите од КОВИД 19 и тоа да биде на товар на државата, односно Фондот за здравство.

ТВОЈА партија бара итно ограничување на цените во приватните лаборатории за тестирање и болниците во кои се лекуваат пациенти заболени од  КОВИД 19, по примерот на Грција и Бугарија, максималната цената за PCR тест да изнесува 1850 денари, а на брз (rapid antigen) тест да биде 600 денари, и ограничување на максималните цени на болнички ден и третман во приватните болници.

Заради остварен дополнителен профит на товар на граѓаните во вонредни услови,  ТВОЈА партија бара веднаш да се воведе КОВИД данок, а средствата од данокот да се насочат во фондови за подобрување на условите во јавното здравство.

ТВОЈА партија бара забрана и ИТНА заштита на граѓаните од  “Ковид профитеството”, стои во соопштението на ТВОЈА.