Тесла го обвини ривалот на електричен автомобил Ривијан за кражба на трговски тајни
Во судска постапка поднесена од фирмата за електрични автомобили – Тесла каде е сопственик Елон Муск, го обвини стартапот на Ривијан Аутомотив за лов на вработените и за кражба на трговски тајни.
Во тужбата, поднесена во државниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, Тесла тврди дека чувствителни комерцијални информации биле однесени во Ривиеан преку шестмина поранешни работници кои заминале да работат таму. Тоа е според Блумберг, кој први објавиа за правниот случај.
Тесла ги изненади аналитичарите во средата објавувајќи го својот четврти профитабилен квартал по ред, и покрај она што го нарече „невидени времиња“ поврзан со пандемијата COVID-19.
Во тужбата, фирмата на „Муск“ направи серија обвинувања поврзани со вработените против Ривиеан, која нуди своја линија на електрични камиони, наречени „авантуристички возила“, како што се R1T и R1S. Во моментот наведува осум одделни локации за канцеларии, вклучувајќи го и Сан Хозе.
„Ненагласеноста во доковорот за работа во однос на доверливи информации од страна на Тесла при напуштањето на фирмата за нов работодавец кој е конкурнт, е очигледно голем пропуст“, се вели во жалбата на „Тесла“. Некој би се вклучил да работи само за важна придобивка – да се добијат информации кои ќе им служат на конкурентските интереси на новиот работодавец“.
Тесла забележува дека Ривијан сега ангажирал 178 поранешни вработени во Тесла, опишувајќи дека „целта број еден на Ривијан е да се здобијат со информации“.
Шефот на Тесла, исто така, потврди дека следната фабрика за возила ќе биде изградена во Тексас, опфаќајќи околу 2.000 ари и се наоѓа приближно 15 минути од центарот на Остин.
„Исто така, таму ќе го правиме Кибертрак, како и Model 3 и Y за источниот дел од Северна Америка“, рече тој, повикувајќи се на новиот електричен пикап на фирмата во која се очекува широко да влезат со производство кон крајот на следната година.
Извор: Newsweek.com