- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Тешко повреден работник во штипско Лакавица

Тешко повреден работник - Работник
146views

Со тешки телесни повреди се здобил еден работник од штипското село Лакавица при изведување на работни задачи, соопшти МВР.

– Вчера во 13:45 часот било пријавено дека околу 12:30 часот во с.Таренци, штипско, при изведување работни задачи, од работна машина-багер бил повреден Ѓ.И.(42) од с.Лакавица, штипско, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип – информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.