МакедонијаСветот на работникот

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

   Време за читање помалку од минута

На 19 ноември во ОВР Крива Паланка било пријавено дека педесет и едногодишен рудар се здобил со тешки повреди додека бил на работното место.

„Во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ж.С.(51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а за настанот биле известени трудова инспекција и јавен обвинител“, соопшти МВР.