- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравда

Угостителските објекти од 21 јануари ќе работат до 21 часот – Постои можноста да работат и до 23

Работно време - Работник
124views

Владата на Р.С Македонија на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на угостителските објекти која предвидува од 21 јануари тие да работат до 21 часот, со што се укинува претходната одлука работно време до 18 часот. 

Исклучок од оваа одлука се рестораните и угостителските објекти на аеродромите, бензиските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редновно работно време, согласно законот. 

Advertisement

И Министерот за здравство Венко Филипче преку фејсбук ја соопшти одлуката на Владата за новото работно време на угостителските објекти до 21 часот. 

Тој напиша дека следната недела откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е и дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот. 

Advertisement

 

Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот….

Posted by Венко Филипче on Tuesday, January 19, 2021

Бобан Илијевски

Advertisement