- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Успешен социјален дијалог

Социјален дијалог - Работник
311views
Тема: Успешен социјален дијалог
Социјалниот дијалог по дефиниција е дијалог кој ги опфаќа сите нивоа и видови преговори, консултации или размени на информации помеѓу претставници на владите, работодавачите и работниците кои се однесуваат на проблеми чие решавање е од заеднички интерес на сите, и вообичаено се поврзани со социјалните и економските политики. (МОТ) Според тоа, социјалниот дијалог е клучен во заштитата на работниците и подобрување на нивната положба, во сочувувањето на нивното достоинство, вклученост во деловните и производните процеси, поголема продуктивност на работниците, општатата благосостојба на индивидуите, итн. Меѓутоа, ако ја гледаме големата слика, успешниот социјален дијалог е инструмент за остварување на стабилност на општеството бидејќи служи за управување со социо-економските предизвици и промени. За да биде успешен социјалниот дијалог според МАКЕДОНСКА МЕРА и да се постигнат и основните, но и поголемите цели во нашата земја согласно потребите на македонските работници, портребна е подеднаква заложба од страна на сите социјални партнери. Честитам на изборот на новиот претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија и посакувам успешен социјален дијалог на сите нивоа.
Проф. д-р Лазар Јовевски
(Фото: EASPD)