МакедонијаПравдаСветот на работникот

Утре ќе се знае дали ќе се дозволи жива музика во угостителските објекти

829views

20. 000 музички работници зависат од одлуката на надлежните дали ќе се дозволи жива музика во угостителките објекти. Комисијата за заразни болести утре ќе реши дали тие ќе можат да работат. На најголем дел од музичарите единствен приход им се настапите во рестораните кафулињата, клубовите. Од иницијативата МУЗИКА СЕГА  велат дека културната и креативна инудстирија сочинува голем дел од домашниот БДП. Со моменталниот правилник за работа во угостителските објекти  се забранува организирање на музички настани и во отворениот и во затворениот  дел од објектот.

По одржниот состанок на 26.06 со „Комисијата за заразни боолести“ каде ги доставивме нашите предлози и барања, чекаме соодветен одговор од релевантните кој е најавен за понеделник. Дотогаш не сме во позиција да дискутираме за било какви активности и се оградуваме од сите типови на шпекуации на темата. Уште еднаш… бројот на засегнати не е за занемарување и баш поради тоа внимателно се однесуваме. План за акција/реакција ќе има соодветно на одговорот кој се чека, се вели во дописот од иницијативата музика сега.

Угостителите сеуште чекаат да добијат и протокол за организрање на свадби и други прослави.

Од минатата недела на угостителите им е дозволено да служат гости и во внатрешните делови. Со оваа одлука оние кои немаа летни тераси, почнаа со работа. Како и на надвор така и масите во внатрешниот дел мора да се на растојание од два метри и на секоја да има дезинфекциско средство. На една маса може да седат две лица, четири само ако се од иста фамилија. Персоналот мора да носи постојано заштитна маска.

Извор: Сител