- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Училиштето ,,Невена Ѓеоргиева – Дуња‘‘ се сели на онлајн настава, општина Кисела Вода одлучува што со останатите

434views

ОУ Невена Ѓеорѓиева-Дуња во Кисела вода е второто во градов каде училишните клупи во следните 2 недели ќе останат празни.

По ОУ Владо Тасевски и учениците од прво до трето одделение во ова училиште од понеделник ќе учат од дома.

Сител се обидел да стапи во контакт со директорот, но вработените кои ги пречекале на врата, кратко им одговориле дека е на боледување. Не сакаа да ни откријат повеќе детали зошто одлучиле  на овој начин да ја организираат наставата.

Родителите велат дека од училиштето ги известиле, дека станува збор за превентивна мерка поради загрижувачката состојба со вирусот. Реагираа дека онлај наставата нема да вроди со плод, а против неа се и дел од дечињата.

Градоначалникот на Кисела Вода вели дека иако во училиштето има голем број на наставници и деца кои се во самоизолација, бројката на заразени не е загрижувачка. Се размислува, превентивно, на онлајн настава да се префрлат и останатите 7 училишта во оштината, но конечната одлука, со директорите ќе ја донеле утре. 

Според него полоша е состојбата во двете градинки во општината, каде имало 9 заразени дечиња, но поради контактите се очекува бројот да расте. За разлика од градоначалникот, од Министерството за труд и социјална политика велат дека во изминатите 24 часа  имало пријавено само една позитивна негувателка во градиката Весели Цветови. За истиот период, на ниво на целата земја има 5 позитивни негуватели и 5 деца. Од МТСП оценуваат дека ситуацијата е под контрола, а во случај да има промени, ќе ги следеле препораките на Комисијата за заразни болести. 

Извор: Сител