НовостиСветот на работникот

Фактор: Македонска радиотелевизија ќе плати 10.000 евра за ПЦР-тестови за вработените

Македонска радиотелевизија - Работник
48views

„Македонската радиотелевизија“ во вкупните трошоци за вработените испланирале и вршење на ПЦР тестови за корона вирусот во 2021 година, а за тоа предвидени се 600.000 денари . 

Ова Јавното радиодифузно претпријатие го навело како посебна ставка во годишниот финансиски план за следната година што му го достави на Собранието, од каде го објавија синоќа. Останатите јавни и државни институции и служби допрва ќе ги разработруваат и објавуваат своите планови и не е познато дали детално ќе го испланираат и овој трошок.

Во планот, националниот сервис не навел за какви цели ќе се трошат овие пари, односно дали се наменети за патување, или по добиени симптоми. Во трошоците за вработените се предвидени и 560.000 денари за здравствени услуги. Инаку МРТ околу 90 проценти се финансира од државниот буџет, додека околу 10 отсто приходите ги добива од реклами и други извори.

Повеќе на Фактор.мк