Македонија

Филипче: Уште четири лица заразени со Ковид-19 во земјава, кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

209views

Владата на седница утврди дека ќе се воведе кризна состојба во дел од територијата на Република Северна Македонија во општините Дебар и Центар Жупа. Кај четири лица од овие општини е потврден коронавирус и ќе бидат пренесени на Клиниката за инфективни болести. Ова попладнево на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче. Со овие четири случаи вкупниот број заболени во државава изнесува 13.

Посочи дека сите пациенти кај кои е потврден вирусот се стабилни освен пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот. Таа има дополнителни влошувања на состојбата и е практично на граница за да биде поставена на механичка вентилација, пишува Бриф.

Целосниот текст прочитајте го тука