МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ФОТО) Апелација повторно пресуди во корист на Синдикатот – АД „ЕЛЕМ“ спречувал синдикално делување

Апелација повторно пресуди - Работник
318views

Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика, Рударство и Индустрија на Македонија доби пресуда во своја корист, во која се потврдува легитимноста на синдикатот, а се однесува на синдикалните подружници Енергетика и Тиквеш, стои во објавата на ССЕРИ на нивната веб страна

„Како  што и самите можите да се уверите во злоупотребата на раководството на АД ЕСМ- ЕЛЕМ на своите службени положби и овластувања, со цел дирекно попречување на слободоумно синдикално здружување. Преместувањето на нашите синдикални лидери во Подружницата РЕК Осломеј, нас како синдикат уште повеќе не мотивира и нема да не спречи во остварувањето на работничките и синдикалните права “, истакнаа од ССЕРИ. 

Од ССЕРИ потенцираат дека раководството на АД ЕЛЕМ – ЕСМ работи спротивно на Законот за работни односи, Колективниот договор и Меѓународните конвенции. Посочија дека направиле дискриминација и директен упад во синдикалното уредување и делување и потсетија дека им имаат направено големо материјална штета за судски спорови и надоместок за истите.

Во прилпог пресудите на Апелација за Подружниците Енергетика и Тиквеш: