ФРАНЦУЗИТЕ ОГОРЧЕНИ ОД ПОТЕГОТ НА МАКРОН: Под маса „го сокри“ часовникот вреден 80.000 евра (ВИДЕО)
За време на емисија за потребата од пензиски реформи и протестите кои со недели ја потресуваат Франција, претседателот Емануел Макрон ненадејно се одлучи на неочекуван потег .
Имено, „за да биде поблиску до народот“, во еден момент ги ставил рацете под маса и го извадил рачниот часовник чија вредност се проценува на неверојатни 80.000 евра.
Како што можете да видите на видеото на почетокот, при гостувањето, на неговата лева рака јасно се гледа часовник, а во следниот момент Макрон ќе го извади тој часовник од под масата и ќе ја продолжи емисијата без него.
Petit jeu (facile).
Qu’est-ce qui disparaît entre ces 2 extraits ? pic.twitter.com/kkn0U8p1Gj— Caisses de grève (@caissesdegreve) March 23, 2023
Инаку, зградата на градското собрание во Бордо беше запалена, а во Париз полицијата употреби солзавец и уапси десетици луѓе за време на протестите кои се одржуваат ширум Франција поради планираните реформи на пензискиот систем и зголемувањето на старосната граница за пензионирање.
Фото: screenshot Twitter Caisses de grève