ПравдаСветот на работникот

Францускиот суд потврдил дека возачите на Убер се вработени, а не самовработени

   Време за читање 1 минута

Највисокиот суд во Франција го признал правото на возачите на Убер да се сметаат за вработени во пресудата која би можела да влијае на оваа американска платформа и да ја доведе до тоа да плаќа повеќе даноци и бенефиции на работниците.

Одлуката на Касицијскиот суд може да има и последици за француската „гиг економија“, бидејќи и другите такси или апликации за достава се потпираат на самовработени возачи на кои не им се плаќаат трошоци и бенефции.

Судот ја потврдил претходната одлука на жалбениот суд, велејќи дека возач на Убер не може да се квалификува како самовработен, бидејќи не може да изгради сопствена клиентела или да ги одреди цените, што го прави да биде подреден на компанијата.

„При поврзување со Убер преку дигиталната платформа се воспоставува однос на подреденост помеѓу возачот и компанијата“, стои во изјавата на судот. „Значи, возачот не пружа услуги како самовработен, туку како вработен“.

Одлуката би може да ги мотивира и другите возачи да побараат преквалификација на својот работен однос со Убер кој моментално не плаќа низа на даноци кои го финансираат францускиот социјален систем.