Хронично несреќните луѓе на сите им ја одземаат енергијата: Еве како да ги препознаете и да се заштитите од нив
Секој понекогаш може да биде тажен и несреќен, но тоа се фази кои доаѓаат и заминуваат. Меѓутоа, некои луѓе не излегуваат од тие фази и со тоа не си го уништуваат само социјалниот живот, туку и здравјето. Според некои истражувања, таквите поединци живеат пократко и се склони кон болести.
Погрешно е мислењето дека богатите луѓе се посреќни од оние кои живеат просечно, малку се посреќни од нив, бидејќи имаат поголемо чувство на сигурност кој им го пружаат парите. Меѓутоа, во останатите аспекти на животот, ранливи се како и останатите. Ниту животните околности немаат премногу врска со среќата, иако имаат одредено влијание, бидејќи среќата всушност доаѓа од самиот човек и неговите животни навики.
1. Постојано чекаат на подобра иднина
Чекајќи постојано да бидат посреќни во иднина, го пропуштаат животот во сегашноста. Тие самите на себе знаат да си кажат: „Ќе бидам среќен еднаш кога..“. Но, ако предолго чекаат нешто да се вклопи или да се случи поради што ќе бидат среќни, ризикуваат целиот живот да бидат незадоволни, бидејќи тој момент никако не доаѓа. Не е добро да го трошат своето време на чекање, бидејќи животот е непредвидлив и не можеме да знаеме колку идни денови ни имаат останато.
Работите треба да се земат во свои раце и во животот да се промени она што не прави несреќни. Понекогаш доволно е да ги пренасочиме нашите мисли од лоши на убави, за позитивните работи да почнат да се случуваат. Луѓето ја чувствуваат нашата енергија и ги привлекува само онаа позитивната.
2. Премногу време трошат на стекнување материјални добра
Луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија можат да доживеат значен пораст на чувството на среќа откако нивните финансии ќе се подобрат. Меѓутоа, тоа чувство релативно брзо ќе помине и среќата ќе зависи од работите во животот кои немаат врска со пари и материјални добра. Среќни не прават нашите хобија кои ги сакаме, семејството, вистинските пријатели и она што е многу важно – искрената љубов кон партнерот со кој живееме.
3. На себе гледаат како на жртви
Несреќните луѓе се склони кон тоа самите себе да се убедат дека се жртви и така им се претставуваат на другите, било со зборови, било со држењето. За нив животот е тежок крст кој мора да го носат и тие немаат никаква контрола над него. Со таквиот начин на размислување уште од старт ѝ покажуваат стоп на каква било можност да се чувствуваат среќно. Се „лулаат“ на секојдневието и не се обидуваат ништо да променат. Тие самите себеси се имаат уверено дека се беспомошни и така се однесуваат.
Секој може, во некои момент од животот, така да се чувствува. На секому му се случуваат лоши работи. Но, не сите се препуштаат на тие лоши чувства, туку стануваат и преземаат се што е можно за да подобрат некои работи и со тоа подобро да се чувствуваат. На крајот во тоа и успеваат, бидејќи тоа и навистина го сакаат.
4. Тие се вечни песимисти
Ништо не го распламнува чувството на незадоволство како песизмизот, а тогаш е невозможно да се видат убавите работи во животот. На таквите луѓе во животот не може ништо убаво да им се случи, со оглед на тоа дека очекуваат само лоши работи. Постои поговорка која вели дека ако очекувате лоши работи, истите ќе ви се случуваат. И обратно – размислувајќи позитивно, позитивни работи ќе се ви се случат. Освен тоа, песимистите се напорни за останатите луѓе, бидејќи им го расипуваат расположението, па затоа често и ги избегнуваат.
5. Постојано приговараат и кукаат
Тие постојано кукаат, постојано нешто се жалат, секогаш некој за нешто им е крив… Тука повторно до израз доаѓа нивната негативност, бидејќи, на пример, нема да забележат дека некој им го разубавил денот со некоја ситница, но добро ќе запаметат дека не направил нешто како што очекувале. И постојаното приговарање е нешто што ги одбива другите луѓе.
Извор: Espreso.co.rs
Фото: Profimedia
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025