МакедонијаПравда

Царовска се сретна со претставници на студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето на успешни политики

Царовска се сретна со претставници - Работник
113views

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денес се сретна со претставници на Универзитетско – студентските собранија. На состанокот се разговараше за сите прашања кои се поврзани со младите и нивното квалитетно образование, но и за зајакнување на соработката помеѓу МОН и собранието на студентите, како и воопшто со сите млади во државата.

Министерката Царовска истакна дека студените и младите ќе бидат еден од клучните партнери на министерството во креирањето на успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на младинскиот живот и стандард.

Претставниците на собранијата истакнаа дека соработката е добредојдена и очекуваат активно вклучување на младите во креирањето на сите важни младински политики во државата, посебно на оние кои се однесуваат на подобрување на условите за живот.