- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Царовска: Силни инвестиции во инфрструктурата е дел од образовната реформа

Царовска: Силни инвестиции во инфрструктурата е дел од образовната реформа - Работник
146views

Развојот на физичкото образование и здравје на учениците е еднакво важно во процесот на образование како и сите останати аспекти на образовниот процес. Вложувањето во образовната инфраструктура и спортските сали е составен дел од реформите за унапредување на основното образование на кои интензивно работи МОН.

„Инвестирањето во капиталните објекти, а тоа се инфраструктурата – училиштата и придружните објекти, како што се спортските сали е навистина значајно за да може да обезбедиме секој ученик, да може да го развива своето физичко воспитание и здравје, рече Царовска при денешниот увид во градежните активности за изградба на спортска сала во состав на ОУ „Страшо Пинџур “ во Кавадарци, напоменувајќи дека е навистина значајно тие активности кои што се предвидени во програмите да можат да се изведуваат во училиштето, околу него и во овие придружни објекти.

Значајно е, потенцираше Царовска, да образовниот систем заедно со општините ги нуди овие можности на учениците во училиштето.  Не смее да има привилегирани ученици кои што можат само надвор од образовниот систем да си ги дозволат спортските активности, туку да се трудиме како држава да создадеме услови во секое училиште, сите придружни активности, сите слободни активности, учениците подеднакво да ги извршуваат во системот на образование и тоа да биде бесплатно и квалитетно.

„Како влада навистина покажуваме дека инвестициите во раниот развој на децата, како во предучилишното, така и во основното образование и во средното образование, се многу значајни. Ова е предуслов да имаме здрави граѓани, граѓани кои се подготвени да се борат со предизвиците кои стојат пред нив во животот, рече министерката за образование и наука.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев истакна дека најстарото училиште во општината конечно ќе добие спортска сала.

„Конечно успеавме да најдеме средства со помош на МОН, нашите ученици да ги имаат сите услови за изведување на наставата“, рече Јанчев.

Заблагодарувајќи се на инвестицијата, директорка на ОУ „Страшо Пинџур“, Илинка Бакева, истакна дека инвестицијата во салата е дело на владата и Министерството за образование, со што учениците добијат нова, модерна спортска сала каде што ќе можат да ги изведуваат часовите по физичко воспитување.