- Advertisement -
НовостиПравда

Јавноста ги поддржува владите да преземат нов пристап за намалување на стапката на пушење

Јавноста ги поддржува владите - Работник
235views

Глобално истражување спроведено од Povaddo за Филип Морис Интернешнал (ФМИ) сугерира дека јавноста се согласува дека креаторите на политиките треба да размислат за улогата што може да ја имаат производите без чад во намалувањето на штетите од тутун. Постои заинтересираност во јавноста за нови пристапи за намалување на општествената штета предизвикана од цигарите, според глобалното истражување спроведено за ФМИ.

Независното истражување на истражувачка компанија Povaddo беше спроведено во декември 2020 година на примерок од 22.507 возрасни лица во 20 земји и територии. Притоа, се истражуваа ставови во врска со улогата на алтернативите без чад, како и очекувањата од владите и индустријата.

На прашањето за важноста на клучните предизвици во денешниот свет, испитаниците ги поставија на исто рамниште обезбедувањето на квалитетно и достапно здравство за сите и подобрувањето на економијата и изразија континуирана поддршка за владите да истражуваат нови пристапи за намалување на застапеноста на пушењето.

Производите без чад можат да играат важна улога во намалувањето на стапката на пушењеСо вистинско регулаторно охрабрување, поддршка од граѓанското општество и целосна прифаќање на науката, верувам дека е можно да се одговори на повикот на јавноста и продажбата на цигари да биде минато во многу земји во рок од деценија до деценија и пол“, рече Јацек Олчак, главен оперативен директор на ФМИ

 Меѓу наодите, испитаниците истакнале дека:

  • Возрасните пушачи кои инаку би продолжиле со пушење, треба да имаат пристап и точни информации за бездимни алтернативи, за кои е научно докажано дека се подобри од продолжување со пушење (77%).
  • Владите треба да размислат за улогата што можат да ја играат алтернативните производи за да постигнат нивната земја да биде без чад (73%).
  • Ако е можно да се стави крај на продажбата на цигари во нивната земја во рок од 10 до 15 години (пушачите целосно да се откажат од пушењето и никотинот или со префрлување на подобри, научно базирани алтернативи), а нивната влада да посвети време и ресурси за тоа да стане реалност (67%).
  • Охрабрувањето на мажите и жените кои инаку би продолжиле да пушат цигари целосно да се префрлат на алтернативи без чад може да ги надополни другите напори за намалување на општествената штета предизвикана од цигарите (71%).

Јавноста не верува дека повеќе регулативи и оданочување можат да постигнат иднина без чад

Тековните стратегии се сметаат за недоволни, сугерира истражувањето, а помалку од еден од четворица испитаници сметаат дека сè што е потребно е зголемување на регулативите и оданочувањето на цигарите.

Мнозинството од прашаните (58%) веруваат дека само со овие мерки нема да се постигне иднина без чад.

Јасно е дека пушењето е проблем кој општеството сака да се реши, бидејќи 76% од испитаниците сметаат дека е важно владите да посветат време и ресурси за да ги намалат стапките на пушење.

Заедничко работење за да се постигне иднина без чад

 Истражувањето покажа дека мултилатералната соработка за постигнување иднина без чад има широка поддршка од јавноста.

68% од испитаниците во голема мерка ги поддржуваат тутунските компании кои работат со влади, регулатори и експерти за јавно здравје за да обезбедат возрасните пушачи да имаат пристап до подобри алтернативи и точни информации за истите.

Науката и технологијата можат да поттикнат напредок

Анкетата ја потврдува целокупната важност на науката и технологијата.

88% од испитаниците сметаат дека владите имаат одговорност да ги прифатат најновите научни и технолошки достигнувања.

За жал, само 51% сметаат дека владите биле успешни во обезбедувањето пристап до најновите научни и технолошки достигнувања  за општеството.

81% од испитаниците сметаат дека е исто така важно деловните субјекти да ги прифатат најновите научни и технолошки достигнувања, со што 66% веруваат дека постигнале напредок во оваа област.

Дезинформациите ги попречуваат промените…

Загрижувачки број испитаници (43%) биле збунети од она што го виделе, прочитале или слушнале во врска со електронски цигари или производи кои го загреваат тутунот, во последните шест месеци.

Јасно е дека дезинформациите се закануваат да го попречат напредокот спречувајќи ги оние возрасни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат цигари да преминат на подобри алтернативи.

Тоа се рефлектира во наодите од истражувањето, па 76% велат дека поверојатно е да размислат да се префрлат на алтернатива без чад ако имаат појаснување за тоа како овие производи се разликуваат од цигарите и науката што стои зад нив.

… но јавноста се надева на подобра иднина

 И покрај поддршката на јавноста за нови пристапи за справување со критичните општествени предизвици, 65% од испитаниците сè уште се чувствуваат оптимистички расположени за следната година – особено кога станува збор за подобрувања во јавното здравје.

Капацитетот за искористување на иновациите ќе продолжи да игра голема улога. Ако владите го следат повикот на јавноста да го прифатат напредокот во науката и технологијата, можеме побрзо да постигнеме подобра иднина.

Кога станува збор за пушењето, науката и технологијата дозволија создавање подобри алтернативи од цигарите за стотици милиони возрасни пушачи во светот кои инаку би продолжиле да пушат. За да се забрза патувањето кон иднината без чад, на пушачите кои не се откажуваат треба да им се дозволи да имаат пристап, како и точни информации за овие научно подобри алтернативи.

*Интернет анкетата за ФМИ беше спроведена од Povaddo од 8-24 декември 2020 година, со учество на 22.507 лица на возраст над 21 година од 20 различни земји и територии (Аргентина, Австралија, Бразил, Германија, Хонг Конг, Израел, Италија, Јапонија, Кореја, Мексико, Холандија, Норвешка, Филипини, Русија, Шпанија, Јужна Африка, Тајван, Велика Британија, САД и Виетнам). За истражувањето придонеле околу 900 возрасни лица и 200 возрасни пушачи од секоја земја и територија.