ПравдаСветот на работникот

Јовевски: Законот за работни односи важи и во време на вонредна состојба

Јовевски: Законот за работни односи - Работник
391views

Работодавачите на работниците не можат усно да им кажат ’оди дома’ поради виша сила или пак да им речат од понеделник повеќе не сте на работа, вели проф. д-р Лазар Јовевски за утринската програма на ТВ Алфа.

„Вонредната состојба не значи дека законот за работни односи и колективните договори  се суспендирани. Напротив постапката за престанок на работниот однос останува да важи и нема никакви измени во однос на законските Уредби коишто во меѓувреме не се донесени од страна на Владата“, вели Јовевски.

Според него, во овој контекст мора да се почитува самата постапка и сите оние коишто се јавуваат овие денови, и работдавачи и работници ги советува мудро да ги преземат сите чекори и сите законски аспекти во однос на спроведување на постапката. Јовевски вели дека во спротивно вработениот има право да пријави во трудовиот инспекторат, што и се случува.

Тој нагласува дека вработените не треба да потпишуваат ниту спогодби, бидејќи тие се двострани акти кои се потпишуваа со добра волја од двете страни.

„Ако кај вработените нема добра волја да потпише спогодба, значи дека под закани или уцени се тераат да ги потпишуваат овие спогодби и тоа се случува во пракса“, истакна Јовевски.

Тој посочи дека пред некој ден имало ситуација во која голем притисок се вршел врз вработениот, за да на крајот на денот тој да му се јави и да му рече дека ја потпишал спогодбата за престанок на работниот однос и порача дека ваквите примери не треба да постојат.